Хоме
Дома  >  Најчести прашања  >  COBISS - разно
Најчести прашања
  • COBISS - разно
Најчести прашања - COBISS - разно

Прашања

Подрачје Клуч Прашање
општо локална и заемна база на податоци Што е заемна, а што локална база на податоци и како да пребарувам во нив?
општо библиографски податоци, податоци за фондот Што се библиографски податоци, а што податоци за фондот?
COBISS/OPAC
полн текст на статиите од
библиографиите на истражувачи
пријавување,
поставување на прелистувачите Internet Explorer и Mozilla Firefox
(прокси-сервер)
При обид да се пребарува во COBISS/OPAC се испишува пораката: "Дојде до грешка, ве молиме повторно пријавете се во Cobiss."
COBISS/OPAC библиографии на истражувачи, персонални библиографии Како да се внесат или да се поправат податоците за персоналните библиографии?
COBISS/OPAC пребарување Не можам да најдам запис за граѓата во OPAC. Зошто?
COBISS/OPAC пребарување Додека го користам COBISS/OPAC, честопати ми се испишува пораката: "Можат да се испишуваат само погодоците од последното пребарување."
COBISS/OPAC пребарување Како да постапам ако при пребарување ја добијам следната порака за грешка: %ASS-E-SEATRMEXP Search term expected
COBISS/OPAC прекин Ме интересира зошто не може да се пребарува ноќе.
COBISS/OPAC непотполн запис Наидов на грешка во записот, односно во описот на граѓата (статија, книга, списание, ...).
COBISS/OPAC директни линкови Како можам да подготвам непосреден линк до одредена база на податоци во системот COBISS/OPAC? Дали се можни и други непосредни линкови, на пр. до пребарување, испис на записи, преглед на зајмена граѓа итн.?
COBISS/Connect Дијакритички знаци Како ја поставуваме табелата со дијакритички знаци?
COBISS2, COBISS3 Инсталација или ажурирање на програмата Java Постапка на инсталација или ажурирање на програмата Java  novo
COBISS2, COBISS3 Ажурирање на програмата Java, не работи COBISS/Connect, не работи клиентот COBISS3 Проблеми со апликациите COBISS по ажурирање на програмата Java  novo
Reflection,
kкомандна датотека COBISS
упатства, поставување Каде да ја најдам и како да ја инсталирам командната датотека COBISS за терминалскиот емулатор Reflection?
Reflection,
командна датотека COBISS
грешка при активирање По инсталацијата и активирањето на програмата Reflection, верзија 8, се јавува грешката: "R2WIN е причина за грешка заради неважечка страница во модулот MS09.DLL на....."
компјутерска опрема печатачи Кои печатачи се поддржани со програмската поддршка COBISS?

Одговори

Локални бази на податоци се базите на податоци на библиотеките. Меѓусебно се поврзани преку заемната библиографско-каталошка база на податоци COBIB.MK која ги содржи библиографските податоци и податоците за фондот на сите локални бази на податоци.

Внесувањето на податоците за библиографските единици се врши во локалните бази на податоци на библиотеките кои се вклучени во системот COBISS.MK. Истовремено со внесувањето во локалната база на податоци се ажурира и заемната база на податоци COBIB.MK. Локалните бази на податоци самите за себе претставуваат целина (т.е. каталог на библиотеката), а во однос на заемната база на податоци тие се нејзини сегменти. За иста единица библиотечна граѓа во локалната и во заемната база на податоци се формира само еден запис кој потоа, преку заемната база на податоци, е достапен за сите библиотеки во системот COBISS.MK.

COBISS/OPAC овозможува online пристап до локалните бази на податоци и до COBIB. Според тоа, при пребарување на одредена граѓа, можете да ја изберете COBIB.MK ако сакате да пребарувате по сите македонски библиотеки истовремено или по една од локалните бази на податоци, ако сакате да пребарувате по каталогот на одредена библиотека (на пр. Градска библиотека "Браќа Миладиновци"):

  • пребарување во заемната база на податоци COBIB.MK:
    По избирањето на погодокот на екранот се испишуваат библиографските податоци за избраната граѓа, а на крајот списокот на библиотеки кои во својот каталог (локалната база на податоци) ја поседуваат избраната граѓа. Програмата овозможува и привремен премин во одредена локална база на податоци за која се испишува бројот на примероци што го поседува, како и податокот за тоа дали е граѓата слободна или е зајмена (доколку во библиотеката зајмувањето е автоматизирано со програмската поддршка COBISS/Зајмување);
  • пребарување во локалната база на податоци:
    По избирање на погодокот на екранот се испишуваат библиографските податоци за избраната граѓа, а на крајот податоците за фондот (бројот на примероци и податокот за тоа дали е граѓата слободна или е зајмена, доколку во библиотеката зајмувањето е автоматизирано со програмската поддршка COBISS/Зајмување). И во овој случај програмата овозможува привремен премин во другите локални бази на податоци кои ја поседуваат избраната граѓа и за кои се испишуваат податоците за фондот.

Библиографските податоци се основни податоци за граѓата: на пр. името на авторот, насловот на книгата односно статијата, годината и местото на издавање и сл.:

  • детални
  • збирни

Деталните податоци за фондот се евидентираат во локалната база на податоци на библиотеката, на пр. сигнатура на книгата, инвентарен број, статус на зајмувањето. До податокот пристапуваме додека сме вклучени во локалната база на податоци. Збирните податоци за фондот се водат на ниво на заемна база на податоци и тоа врз основа на деталните податоци од локалните бази на податоци. Пример е бројот на примероци за зајмување, сите примероци, нарачани примероци.

Проблемот може да се отстрани со соодветна инсталација на веб-прелистувачот Microsoft Internet Explorer или Mozilla Firefox. Со оглед дека можете да избирате меѓу македонска и англиска верзија на тие два прелистувачи, ги наведуваме опциите на двата јазика (опциите на англиски јазик се наведени во загради).


  • Инсталација на Microsoft Internet Explorer:

    1. Во менито изберете ја опцијата Алатки (Tools) и кликнете на Интернет опции (Internet Options). Се отвора прозорец со разновидни инсталации на прелистувачот, во кој ја избирате картичката Општо (General) а за конфигурирање на историјата на пребарувањето кликнете на копчето Поставувања (Settings). Кога ќе се отвори новиот прозорец, изберете ја опцијата При секоја посета на вебстраницата (Every time I visit the webpage).
    2. Во менито изберете ја опцијата Алатки (Tools) ) и кликнете на Интернет опции (Internet Options). Се отвора прозорец со различни инсталации на прелистувачот во кој ја избирате картичката Врски (Connections) и кликнете на копчето Поставувања за LAN (LAN Settings). Кога ќе се отвори новиот прозорец, кај прокси-серверот (Proxy server) исклучете ја опцијата Употребете прокси-сервер за вашиот LAN (Use a proxy server for your LAN).

  • Инсталација на Mozilla Firefox:

    Во менито изберете ја опцијата Алатки (Tools) и кликнете на Опции (Options…). Се отвора прозорецот со различни поставувања на прелистувачот во кој ќе го изберете јазичето Инсталација на мрежа (Network) и за инсталација на конфигурацијата на прелистувачот потребен за поврзување до Интернет кликнете на копчето Поставувања (Settings…). Во новиот прозорец изберете ја првата опција (No proxy) за исклучување на употребата на proxy-серверот.

  • Инсталација на Google Chrome:

    1. Во редицата со алатки на прелистувачот кликнувате на менито на Chrome, а потоа опцијата Поставувања (Settings). Се отвора прозорецот во кој ја избирате опцијата Прикажи напредни поставувања (Show advanced settings).... Во делот Приватност (Privacy) го избирате копчето Исчисти податоци од прелистување (Clear browsing data)...; потоа, од паѓачкото мени ја избирате опцијата отсекогаш (beginning of time) и кликнувате на копчео Исчисти податоци од прелистување (Clear browsing data).
    2. Отстрани ја ознаката во опцијата Предвиди активности на мрежата за подобрување на вчитувањето на страницата (Predict network activities to improve page load performance).

Записот за бараната граѓа не може да се најде заради следните причини:

  • Библиографските податоци на постарата граѓа обично се евидентирани само во класичниот каталог (каталогот во картончиња) на библиотеката. Предлагаме да ги проверите податоците во класичниот каталог на една од поголемите библиотеки, а за стручна литература во каталогот на библиотеката која го покрива избраното стручно подрачје.
  • Ако по пребарувањето во заемната база на податоци COBIB.MK не ја најдете бараната граѓа, ви препорачуваме да ги пребарате и локалните бази на поголемите библиотеки. Имено, во некои локални бази сè уште постојат голем број локални записи за граѓата кои сè уште не постојат во базата COBIB.MK.
  • Ниту една библиотека која е вклучена во системот COBISS.MK ја нема бараната публикација. Библиотеката го внесува записот во базата на податоци COBIB.MK за одделна библиографска единица врз основа на примерок, односно врз основа на самата граѓа. Според тоа, записот за некоја публикација можат да го внесат само библиотеките кои ја поседуваат таа публикација или некој им ја има зајмено на одредено време.
  • Прилозите кои се објавени во списанијата, весниците, зборниците и слични публикации, се обработени според одредени критериуми што се разликуваат меѓу библиотеките. Двата најчести критериуми се важност на тематиката за одредено стручно подрачје и внесување на библиографските единици за комплетност на персоналната библиографија.

До тие проблеми вообичаено доаѓа при пребрзо избирање на одделен погодок за време на испишување на списокот на погодоци. Тоа обично се случува ако корисникот пристапува до COBISS преку бавни комуникациски врски, односно при поголеми оптоварувања на серверот на COBISS. На корисниците им препорачуваме да причекаат да се испише списокот на погодоци до крај и потоа веќе нема да има проблеми при испишување на бараните погодоци. Во случај спомнатата порака да е веќе испишана, ви препорачуваме да започнете ново пребарување (иконата на врвот на страницата односно линкот на дното на страницата) и повторно да ги испишете погодоците.

При користење на COBISS/OPAC не го препорачуваме користењето на копчето Back, бидејќи последователното користење на тоа копче може да доведе до погрешни резултати при пребарувањето. Значи, подобро е да се користи иконата на врвот на страницата, односно линкот на дното на страницата, со што нема да доаѓа до проблеми при користењето на OPAC.

Таа порака обично се јавува доколку во полето за пребарување внесете несоодветен или недовршен поим за пребарување (ако на пр. во основниот или во изборниот начин на пребарување го внесете само знакот * или ако во наредбениот начин на пребарување не внесете ништо зад префиксот за пребарување, на пр. LA=).

Во тој случај е потребно поимот за пребарување да се поправи, односно да се дополни. Притоа, треба да се држите до основните правила и насоки за пребарување кои можете да ги прочитате со кликање на линкот Помош.

Секое утро во 3 часот се активира процедура за архивирање на податоците. Тогаш не може да се пребарува во заемната база на податоци COBIB.MK и не можат да се подготвуваат персонални библиографии. Прекинот трае најмногу 3 минути

Грешката на која сте наишле во записот ќе ја отстранат во библиотеката во која е креиран записот. Таа библиотека ја поседува граѓата, а нејзините библиотекари се овластени за проверување на соодветноста на библиографскиот запис и за евентуално поправање на грешките. Ви предлагаме погрешниот испис да го испишете во т.н. полн формат. На врвот на така испишаниот запис е наведен акронимот (кратенката) на библиотеката и името на креаторот. Преку иконата База на податоци приклучете се во локалната база на податоци на таа библиотека, а со помош на акронимот кој е подвлечен се поврзувате со базата на податоци COLIB, каде се наоѓаат и податоците за таа библиотека (адреси, телефонски и други броеви). Библиотеката можете да ја посетите на наведената адреса, да се јавите по телефон или да испратите порака по електронска пошта и да ја опишете грешката.

Ако на вашето барање библиотеката не одговори, испратете порака на vbmkurgent@nubsk.edu.mk. Вашата порака ќе ја доставиме на наведената библиотека.

Во системот COBISS/OPAC можете да подготвите непосреден линк до одредена база на податоци со дефинирање на URL-адресата. Можни се и непосредни линкови URL за некои функции во COBISS/OPAC (врска до сакано пребарување, врска до испис на одреден запис и врска до авторизацијата за преглед на зајмена граѓа или продолжување на рокот за зајмување). Примери.

Ако табелата со дијакритички знаци е непотполна, знаците што недостасуваат можеме да ги дополниме сами. Тоа го правиме така што ја изведуваме следната постапка.

Програмската поддршка COBISS3 и COBISS/Connect се направени во околина Java. Постапката на инсталација или ажурирање на програмата Java зависи од оперативниот систем.

По ажурирање на програмата Java од различни причини може да се случи апликациите COBISS2 (COBISS/Connect) и апликациите COBISS3 (клиент COBISS3) да не функционираат. Што треба да се направи кога не работат линковите или кратенките за апликациите COBISS2 и COBISS3 е опишано во постапката Проблеми со апликациите COBISS по ажурирање на програмата Java.

Командната датотека COBISS за терминалскиот емулатор Reflection и упатствата за инсталација може да ги најдете на адресата http://www.vbm.mk/preporacana_oprema/C2_skripta.asp.

Грешката ја предизвикува програмата Microsoft Office 2000 која не е правилно инсталирана, односно нема внесена лиценца.

Во тој случај е потребно:

  • програмата Reflection да се отстрани (uninstall) од компјутерот
  • коректно да се заврши инсталацијата на програмата Microsoft Office 2000 (внес на лиценцата) или да се отстрани програмата Microsoft Office 2000
  • повторно да се инсталира програмата Reflection, верзија 8, која ја содржи и командната датотека COBISS

Списокот на печатачи кои се поддржани со програмската поддршка COBISS можете да го најдете на адресата http://www.vbm.mk/preporacana_oprema/stampaci.asp.