COBISS
Дома  >  Најчести прашања  >  COBISS - разно  >  COBISS/Connect - дијакритички знаци
Најчести прашања
COBISS/Connect - Дијакритички знаци

Постапката за правилен приказ на табелата со дијакритички знаци во програмата COBISS/Connect, 3.xx, е опишана во продолжение.

Табелата со дијакритички знаци можеме да ја отвориме ако го избереме методот Додатоци / Дијакритички знаци или иконата Дијакритички знаци. Табелата се прикажува во прозорецот Дијакритички знаци - COBISS/Connect..
Може да се случи табелата да не e комплетна и знакот што недостасува да биде заменет со иконата , како што прикажува сликата 1.

Слика 1: Табелата Дијакритички знаци во која недостасуваат неколку знаци


Непотполна табела се прикажува доколку во оперативниот систем Windows е инсталирана стара верзија на фонтот Consolas. Ако сакаме приказот на табелата да биде повторно правилен, мора да ја изведеме следната постапка:

  1. Го отстрануваме фонтот Consolas
  2. Ја отстрануваме програмата и параметрите на програмата COBISS/Connect
  3. Повторно ја инсталираме програмата COBISS/Connect
  4. Правилен приказ на табелата Дијакритички знаци

Чекори за правилен приказ на табелата Дијакритички знаци

  1. Го отстрануваме фонтот Consolas

    Најпрво ја затвораме програмата COBISS/Connect и во Контролната табла отвораме папката Фонтови (Fonts). Ги бараме фонтовите Consola, Consolab, Consolai и Consolaz и сите четири фонта ги отстрануваме од списокот на фонтови.


    Слика 2: Фонтови означени за бришење


    Проверуваме дали табелата Дијакритички знаци се испишува правилно како што е опишано во чекорот 4. Ако не се испишува правилно, продолжуваме со вториот чекот од постапката.


  2. Ја отстрануваме програмата и параметрите на програмата COBISS/Connect

    Во Контролната табла ја активираме програмата Java Control Panel, а потоа во ливчето General, во делот Temporary Internet Files избираме View. Се отвора прозорецот Java Cache Viewer (слика 3), во кој ја избираме инсталираната апликација COBISS Connect и ја бришеме. Ако постои и параметарот COBISSConnect3, го означуваме и него и кликнуваме на Delete.


    Слика 3: Програми означени за бришење


  3. Повторно ја инсталираме програмата COBISS/Connect

    Линкот до програмата COBISS/Connect се наоѓа на почетната страница на системот COBISS.MK, на линкот Препорачана опрема, в о Инсталација на програмската поддршка, на линкот да се инсталира бесплатната програма COBISS/Connect.


  4. Правилен приказ на табелата Дијакритички знаци

    Во програмата COBISS/Connect кликаме на иконата Дијакритички знаци за да се прикаже табелата така како што е претставена на сликата 4.


    Слика 4: Правилен испис на табелата со дијакритички знаци