COBISS
Дома  >  Најчести прашања  >  COBISS - разно  >  COBISS/OPAC - директни линкови
Најчести прашања
COBISS/OPAC - директни линкови

Дадени се примери на непосредни URL-линкови до некои функции во COBISS/OPAC.

ВАЖНО: URL не смее да содржи растојанија, букви со дијакритички знаци (č, ć š, ž) и некои други знаци. Наместо растојание ги внесувате знаците "+" или "%20".

Примери на линкови

Линк до одредена библиотека или база на податоци

  1. http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?command=CONNECT&BASE=40001&lanid=mk  
    (библиотеката НУБСК)
  2. http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?command=connect&base=40136&dept=02&lani=mk  
    (библиотеката УББИТ, оддел 02)
  3. http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?command=connect&base=gradska&lani=mk  
    (список на библиотеки кои го содржат зборот "градска")

Упатства: во параметарот base можете да ја внесете сиглата или акронимот на библиотеката или збор од називот на библиотеката или базата на податоци. Ако внесениот збор се наоѓа во називите на повеќе библиотеки, се прикажува списокот на тие библиотеки (пример 3). За пристап до одделна библиотека во системот COBISS најдобро е да се наведе сиглата на библиотеката, бидејќи тој податок е единствен во системот COBISS (примерите 1 и 2).

Пребарување

  1. http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?command=SEARCH&base=cobib&select=putujuci&lani=mk 
    (пребарување во COBIB, поимот за пребарување го внесувате без букви со дијакритички знаци)
  2. http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?command=search&base=40001&select=(AU=dikens*+and+PY=200*)&lani=mk
    (пребарување во библиотеката НУБСК; наместо растојание го внесувате знакот "+")

Упатства: во параметарот select го внесувате барањето за пребарување и вршите пребарување во наредбен начин; поимите за пребарување ги внесувате без букви со дијакритички знаци и без растојанија.

Испис на записи

  1. http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?command=DISPLAY&base=40096&rid=65600010&lani=mk  
    (ДЗС – Државен завод за статистика)
  2. http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?command=DISPLAY&base=40136&dep=01&rid=73432586&lani=mk  
    (УББИТ, оддел 01)

Упатства: во параметарот rid го внесувате COBISS-ID на записот кој сакате да го испишете.

Преглед на зајмена граѓа/продолжување на рокот за зајмување

  1. http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?command=LOAN&base=40136&lani=mk  (библиотека УББИТ)

Опис: се отвора страницата каде го внесувате бројот на членската карта и лозинката за преглед на зајмената граѓа и продолжување на рокот за зајмување.