Центар ВБМ
- За Центарот ВБМ
- Податоци за контакт
- планирање и координирање на активностите за компјутерско поврзување на библиотеките во Република Македонија,
- обезбедување и одржување на заедничките компјутерски и комуникациски капацитети за работа на системот и централните сервиси,
- управување со заемната библиографско-каталошка база на податоци COBIB.MK,
- обезбедување на програмската поддршка COBISS и корисничка документација за заемната каталогизација, локалното библиотечно работење и други сервиси за сите членки на COBISS.MK,
- стручна помош на библиотеките при набавка, инсталирање и одржување на компјутерската опрема,
- обука и стручна помош на библиотеките и другите корисници на програмската поддршка и сервис COBISS.МК,
- утврдување на оспособеноста на стручните библиотечни работници за учество во заемната каталогизација (во соработка со националната библиотека),
- овозможување пристап до странски информациски сервиси и бази на податоци за потребите на библиотеките и другите корисници,
- стручна помош на библиотеките при конверзија и пренос на податоци од други системи.