Хоме
Дома  >  Препорачана опрема  >  командната датотека COBISS за Reflection
Препорачана опрема – командна датотека COBISS за Reflection

ВНИМАНИЕ: За пристап до програмската поддршка COBISS2 преку протоколот SSH може да ги користите верзиите на програмата Reflection for UNIX and OpenVMS верзија 11 или поновa. ИЗУМ повеќе не ја одржува и не ја ажурира командната датотека COBISS за Reflection. За пристапување до серверите со програмската поддршка COBISS2 на персоналниот компјутер треба да ја инсталирате бесплатната програма COBISS/Connect.
По кликнување на линкот за инсталација се отворa прозорецот "Инсталација COBISS/Connect", во кој се пријавувате во вашата база на податоци со корисничкото име што го користите за работа со програмската поддршка COBISS2. По успешното пријавување ќе се понудат линк до упатството "Упатство за инсталација и користење" и копчето "Инсталирај ја програмата" со кое го активирате преносот на програмата на вашиот персонален компјутер.

ПРЕНЕСИ ја командната датотека COBISS за Reflection
 


Упатства

  1. Командна датотека
  2. Програмски побарувања
  3. Инсталација на командната датотека
  4. Употреба
  5. Користење на дијакритичките знаци COBISS
  6. Користење на наредбата Word To Cobiss

1. Командна датотека

Командната датотека COBISS е програмата Cobiss.r2w која ви е потребна за користење на програмата Reflection, верзија 8.0 или понова. Програмата содржи параметри кои се потребни за работење во системот COBISS:

  • терминалски параметри,
  • автоматско вклучување во мрежата на определен компјутерски систем,
  • извршување на потребните макрооперации,
  • распоредување на функциските копчиња на тастатурата,
  • печатење во локално и мрежно опкружување,
  • користење на посебните дијакритички знаци COBISS.

2. Програмски побарувања

  • терминалски емулатор Reflection for UNIX and OpenVMS, верзија 8.0 или понова;
  • Winzip;
  • оперативни системи:
    • Windows 95 (работи заклучно со верзијата 9.0);
    • Windows 98, Me (работи заклучно со верзијата 10.0);
    • Windows XP, 2000, NT 4.0 (работи од верзијата 9.0 натаму).

3. Инсталација на командната датотека

За инсталација на командната датотека COBISS потребна ви е инсталациската датотека CobissTools.zip, која можете да ја преземете од вебстраницата на IZUM и која ги содржи следните четири датотеки:

  • DiakriticniZnaki.CAB (пакет со програмските датотеки и табелата со дијакритички знаци);
  • PreberiMe.htm (датотека со упатства);
  • Setup.exe (програма за инсталација);
  • Setup.lst (ппроцедура за инсталација).

Во текот на постапката на инсталација секогаш постапувате така што најпрво ја инсталирате програмата Reflection и дури потоа командната датотека.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја започнете инсталацијата на командната датотека COBISS во програмата Reflection мора да ги затворите сите прозорци.

Инсталациската датотека CobissTools.zip најпрво ја пренесувате во привремениот директориум (Temp Folder) или на работната површина на компјутерот. Со двоен клик на датотеката го отворате прозорецот за дијалог во кој е видлива содржината. Потоа датотеката ја распакувате во соодветен директориум на работната површина. Со двоен клик на датотеката Setup.exe ја активирате инсталациската програма и ги следите упатствата на екранот. Во програмските групи се генерира нова група Cobiss Tools со кратенките Cobiss и PreberiMe. Се препорачува кратенката COBISS да ја копирате на работната површина и да ја користите за активирање на командната датотека COBISS.

Кога ќе заврши постапката на инсталација треба да се активира и писмото (фонтот) COBISS Courier New, за да се добие правилен приказ на табелата со дијакритички знаци COBISS. Тоа го правите така што во папката \Windows\Fonts (Windows XP/98, Me/95) или во папката \Winnt\Fonts (Windows 2000/NT) двапати кликнувате на датотеката со писмо (фонт) COBISS Courier New. Се отвора прозорецот COBISS Courier New (TrueType) кој потоа го затворате.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: По завршената инсталација, повторно го активираме компјутерот.
 

4. Употреба

Со кликање на кратенката Cobiss непосредно се активира програмата Reflection и се започнуваат сите неопходни активности за поврзување со системот COBISS.

Кога првпат ќе ја активирате програмата се отвора прозорец за дијалог. Го внесувате називот на компјутерот на кој сакате да се приклучите при поврзување со системот COBISS. Параметрите ги зачувувате така што го притискате копчето Save или во менито File избирате Save Cobiss.r2w.

За правилно користење на тастатурата во сите сегменти на COBISS треба да ја поставите тастатурата на американски распоред на тастерите.
 

5. Користење на дијакритичките знаци COBISS

Во програмата Reflection дијакритичките знаци се користат за внесување на буквите со дијакритички знаци и други специфични знаци. Ги избирате така што во менито на COBISS кликнувате на Diakritični znaki или во линијата со алатки кликнувате на копчето Znaki.

Буква со дијакритички знак или друг специфичен знак можете да внесете на повеќе начини:

  • во табелата го избирате знакот и два пати кликнувате врз него,
  • во табелата го избuрате знакот и потоа кликнувате на копчето Vstavi (Insert),
  • во табелата го избирате знакот и го притискате тастерот Enter или Return,
  • а внесувате комбинацијата на тастери која, по избор на знакот, се прикажува под табелата со дијакритички знаци.

Програмата се затвора со кликање на копчето Zapri.
 

6. Користење на наредбата Word To Cobiss

Наредбата Word To Cobiss се користи за да се пренесе текст од Word во COBISS кој ги содржи следните букви или знаци: č, ć, đ, š, ž, Č, Ć, Đ, Š, Ž, [, {, ], }, ;, :, ', ", / i ?. Текстот што сакате да го пренесете го означувате и го копирате во Word, а потоа во еден од сегментите COBISS во прозорецот на програмата Reflection го вметнувате на тој начин што во менито COBISS ја избирате наредбата Word To Cobiss.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На овој начин можат да се пренесат само горенаведените букви и знаци!