Компјутерска опрема, програмска поддршка, Интернет
За користење на програмската подрршка COBISS2 и COBISS3 потребен е персонален компјутер од понова генерација со оперативен систем Windows или Linux, поврзан на Интернет.
Печатачи и читачи на бар кодови
Програмската поддршка COBISS ги поддржува избраните типови на печатачи и читачи на бар кодови.
Инсталација на програмската поддршка
За програмската поддршка COBISS2 и COBISS3 потребна е инсталација на програмскиот јазик Java.
За пристап до серверите со програмската поддршка COBISS2 на персоналниот компјутер треба да се инсталира бесплатната програма COBISS/Connect. По кликнување на линкот за инсталација се отвора прозорецот "Инсталација на COBISS/Connect" во кој се пријавувате во вашата база на податоци со корисничкото име што го користите за работа во програмската поддршка COBISS2. По успешното пријавување ќе се понудат линк до линк до упатството "Упатство за инсталација и користење" и копчето "Инсталирај ја програмата" со кое го активирате преносот на програмата на вашиот персонален компјутер.
За пристап до серверите со програмската поддршка COBISS2 може да се користи и програмата Reflection for UNIX and OpenVMS и командната датотека COBISS за Reflection.